Со голови на Михаил Талевски во 53-та и Димитар Тодоровски во 71-ва минута, Вардар победи на гостувањето во Струмица против Брера со 2-0, и се зацврсти на чело на табелата.
При првиот гол имаше долго прегледување на снимка, но на крајот судијата Бафто и колегите во ВАР проценија дека нема офсајд непосредно пред голот и го признаа погодокот по кој на скопските Црвено-црни им беше полесно.

Вториот гол беше после голема грешка на одбранбен играч од домашниот тим.
Вардар беше ослабен со отсуството на првиот стрелец Роџерс Мато, но тимот на тренерот Гоце Седлоски успеа првпат сезонава да ги совлада струмичани.
Сега Вардар има четири бода повеќе од Струга Трим Лум која е втора, а има и еден меч помалку. Стружани задутре му гостуваат на Работнички.

