Вардар и кога му бегаат играчи, е фаворит против Мотор

Серијата од четири порази по ред во Лигата на шампионите и заминувањето на некои од клучните играчи, сепак не значи дека ракометарите на Вардар кои вечерва од 17.30 часот ќе се појават во „Јане Сандански“ не може да го совладаат украински Мотор Запорожје. Напротив, според квотите во обложувалниците Sport Life, Вардар е фаворит. Квотата за триумф на Црвено-црните е одлична, 1.70.

Мотор е последен на табелата бо групата Б, а Вардар со победа може да смета дека ќе биде меѓу осминафиналистите.

Во редовите на актуелниот европски првак владее оптимизам дека може да се победи Мотор, иако по заминувањата на Криштопанс и Атман, тимот има скусена ротација.

„Треба да бидеме реални, Вардар со и без Криштопанс не е исто. Наше е да се бориме и да се обидеме да победиме. Ќе видиме на теренот што ќе се случи. Тешко е, но играме дома, се надевам пред полна сала. Може да биде еден од последните мечеви, никој ништо не знае, реално треба да дадеме сè од себе, за навивачите, за градот да го победиме Мотор и да се пласираме во осминафиналето и да се помачиме уште малку“ рече капитенот Стојанче Стоилов.

Тренерот Стевче Алушовски ќе го има првиот меч на домашен терен како тренер на Вардар во дуел од Лигата на шампионите. Мотор нема гостинска победа во ЛШ од ноември 2018 година, а есеноска во Украина, Вардар победи со 31-30.

„Имаме проблеми со играчкиот кадар, но кога играме дома, првпат во новата година, максимално сме фокусирани, без разлика на проблемите. Ги повикува, сите љубители на ракометот и навивачи на Вардар да дојдат и да ни дадат поддршка. Со оваа победа ќе се пласираме во осминафиналето. Мотор е сериозна екипа, но се надевам на најдоброто“ – вели стратегот на Вардар.

- Оглас -

Најнови вести