Вардар и „Комити“ конечно добија добри вести

Најтрофејниот македонски клуб Вардар изминативе години мака мачи со тоа да ја врати старата слава, а дното беше допрено кога тимот испадна во втората лига.

Иако се најавуваше и се очекуваше експресно враќање, работите не одат според планот, но сето тоа може да се промени.

Вардар во оваа сезона досега играше на различни терени, но по долга пауза, „црвено-црните“ конечно се враќаат на свој терен, арената „Тодор Проевски“.

Веќе во сабота, Вардар игра против Охрид од 15 часот, во меч кој мора да се добие за да се обезбеди макар второто место во втората лига запад, коешто носи во плејофот. Таму во моментов се наоѓа Воска спорт со 39 бода, додека најтрофејниот наш клуб во моментов има 34.

- Оглас -

Најнови вести