3.8 C
Skopje
понеделник, 22 декември 2025

Вардар и Милан Лазаревски заедно и во следните две години

Соработката помеѓу Вардар и кружниот напаѓач Милан Лазаревски продолжува и во следните две сезони. Од суперлигашкиот лидер потврдија дека репрезентативецот потпишал нов договор и ќе остане во редовите на „црвено-црните“ уште две сезони, односно најмалку до 2028 година.

„Вардар и пивотменот Милан Лазаревски го продолжија договорот и играчот ќе остане дел од црвено-црното семејство и во наредните две сезони. Со тоа Лазаревски ја продолжува верноста кон клубот што почна во 2022 година, кога се врати во Македонија и го облече црвено-црниот дрес. Со продолжувањето на договорот, Вардар задржува играч кој веќе се профилираше како еден од столбовите на тимот на пивотменската позиција и кој со својот карактер, работна етика и однос кон клубот претставува пример за младите ракометари. Клубот гради тим на подолг рок, а токму играчи како Милан, кои во целост ги прифатиле вредностите и обврските што ги носи црвено-црниот дрес, се темелот врз кој се градат идните успеси. Навивачите и во следните две сезони во „Јане Сандански“ ќе го гледаат еден од најборбените играчи во тимот. Неговата енергија, жестината во дуелите и подготвеноста да се жртвува за секоја топка многупати ја подигнуваа публиката на нозе“, велат од РК Вардар.

Лазаревски во Вардар пристигна од словенечки Тримо Требње во 2022 година, а потекнува од екипата на Металург, од каде што се пресели во Словенија.

- Оглас -

Најнови вести