36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Вардар и Новоматик Македонија ја продолжија соработката за уште една година

Пред точно една година, најтрофејниот македонски клуб Вардар и Австриската компанија за игри на среќа „Новоматик“ си подадоа рака за соработка. „Новоматик“ стана генерален спонзор на Црвено-црните, со надеж дека Вардар полека ќе се врати на старите победнички патеки.

Сега, 12 месеци подоцна, соработката меѓу Вардар и Новоматик се продолжува. Вардар имаше успешна сезона, откако заврши на петото место на табелата, а по пауза од 18 години го освои трофејот во Купот на Македонија.

Со освојување на пехарот во Купот, Вардар обезбеди и место во Европа, каде в четврток во Скопје ќе го игра првиот меч против Ла Фиорита од Сан Марино. Вардар е фаворит за поминување во следната фаза.

Новата соработка меѓу Вардар и Новоматик е потпишана на една година во вредност од еден милион евра.

- Оглас -

Најнови вести