Фудбалските возбудувања во Македонија денеска продолжуваат со два меча од четвртфиналето во Купот. Актуелниот бранител на тронот, екипата на Вардар е домаќин на лидерот во Втората лига, Охрид лихнидос.
Јасно е дека Вардар е голем фаворит, но не треба да се заборави дека Охрид има девет победи по ред, па затоа е и најголем кандидат за влегување во Првта лига за следната сезона.
Интересно е дека Вардар никогаш не примил гол во дуелите со Охрид. Имаат одиграно вкупно девет меча, а Вардар има седум победи без да прими гол, додека двапати резултатот бил 0:0. Само еднаш во овие девет дуели имало над два погодоци. За да продолжи оваа традиција и повторно да одиграат со не повеќе од два гола, квотата е огромна и изнесува 3.80.
Мечот ќе се игра на комплексот при ФФМ „Петар Милошевски“, и тоа без гледачи затоа што Вардар треба да ја „одлежи“ казната поради непристојното однесување на навивачите и слабата организација на дуелот против Башкими.

Многу поинтересно се очекува да биде во Куманово, каде што Шкендија Арачиново ќе биде домаќин на Работнички. Арачиновци се со големи амбиции, но не треба да се заборави дека и Работнички се засили во зимскиот преоден рок, па Романтичарите тргнаа во поход за опстанок во Првата лига.

