На денешната седница на Дисциплинската комисија при ФФМ донесени се следниве одлуки:
ФК Вардар се казнува со парична казна во висина од 5000 евра поради фрлање запалки на натпреварот од 21-вото коло против ФК Шкендија.
ФК Шкендија се казнува со парична казна во висина од 5000 евра поради фрлање запалки на натпреварот од 22-рото коло против АП Брера.
Дејан Сиљаноски, фудбалер на ФК Детонит Плачковица, се казнува со забрана на настап од 2 натпревара.
Исуфи Авдираман, комет-администратор на ФК Шкендија Арачиново, се казнува со забрана на вршење на функција во траење од 1 месец.
Марјан Ристески, претседател на ОФС Кичево, се казнува со забрана на вршење на функција во траење од 2 години.
Џевдет Далипи, потпретседател на ОФС Кичево, се казнува со забрана на вршење на функција во траење од 2 години.

