Дерби-дуелот од 24-тото коло на Првата македонска фудбалска лига помеѓу Вардар и Шкендија ќе се одигра во петок на теренот на тренинг комплексот на ФФМ. Ова ќе биде единствениот меч кој ќе се игра в петок, додека сите останати на програмата се во сабота, како што беше планирано од претходно.
Вардар и Шкендија ќе играат на терените на ФФМ поради затворањето на Националната арена, со цел да се сочува тревникот за мечот помеѓу Македонија и Велс од квалификациите за Светското првенство.
Сите натпревари од 24-тото коло ќе се одиграат со почеток во 15 часот.