Вардар и Силекс играат без голови по првото полувреме на последниот меч до седмото коло на Прва фудбалска лига на Македонија. Двете екипи имаа неколку обиди да го загрозат голот на противникот, но мрежите мируваат по првите 45 минути.
Ако на теренот е мирно и без многу возбудувања, на трибините верните навивачи на Вардар, популарните „Комити“, направија пиротехничко шоу.