Вардар ја стартува пролетната одисеја во Првата лига со домашен натпревар против Арсими. Јасно е дека во плановите на Вардарци се трите бода, а и квотите им даваат апсолутна фаворитска улога.

Дефанзивецот Мислав Матиќ вели дека Вардар нема да го потцени Арсими и дека тимот е подготвен за квалитетен натпревар и освојување на три бода.
„Еве, конечно започнува пролетниот дел од сезоната. Играме против Арсими, а преку анализата видовме дека се многу непријатен противник кој може да изненади со контранапади. Но, ние сме фокусирани на нашата игра, напорно работевме и се подготвувавме за овој дел од сезоната, со цел да започнеме што е можно подобро, а тоа, секако, е победа. Се разбира, го почитуваме Арсими и нема место за потценување. Ќе дадеме сè од себе за да ја отвориме полусезоната во позитивно светло, да оствариме победа и да продолжиме каде што застанавме – чекор по чекор кон целта“, изјави Мислав Матиќ.
Натпреварот меѓу Вардар и Арсими се игра од 13 часот на комплексот на ФФМ, а еден час подоцна во Кратово се среќаваат Силекс и Башкими.

