Вардар и скопската Арена остануваат енигма за Пандевци

Вардар по петти пат во вкупно шест меѓусебни дуели на „Тодор Проески арената“ славеше против Академија Пандев со сигурни 2-0. Избраниците на Васоски врзаа две победи во првенството ако се смета и победата на гости кај Борец со идентичен резултат.

Домаќините чекаа до 53-тата минута за да се отвори средбата, Цветановски погоди за 1-0, по што Вардар бараше начин како да стави крај на дилемите. Во 84-тата минута Петковски го постави конечниот резултат, за петти триумф на Вардар по 13 кола во Првата лига на Македонија.

Вардар сега има 19 бода колку што имаат Борец и Струга Трим Лум, но останува на шестото место, додека Академија Пандев остана на 10 бода при дното на табелата.

- Оглас -

Најнови вести