Вардар и Струга се блиску до финале во Купот на Македонија

Екипите на Вардар и Струга Трим Лум се стекнаа со предност по првите натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија, и на реваншите за две недели ќе имаат убава прилика да се најдат во финалето.

Црвено-црните на Арената „Тодор Проески“ ја совладаа Брера Струмица со 3-0 (третиот гол падна во 56-та минута), а стружани направија пресврт во Тетово и ја победија Шкендија со 2-1, откако домашните на полувреме водеа со 1-0. Победничкиот гол беше дело на Радески кој е некогашен член на Шкендија.

Вардар кој е најтрофеен македонски клуб, последното финале го има играно пред дури 18 години, во 2007 кога во финалето ја совлада прилепска Победа со 2-1.

- Оглас -

Најнови вести