Вардар и Струга со една нога се финалисти во Купот, фаворити се и на денешните реванши

За Вардар попладнево околу 18 часот треба да заврши 18-годишното чекање без финале во фудбалскиот Куп на Македонија бидејќи Црвено-црните против Брера во Струмица треба да ја одбранат предноста од 3-0 од првиот меч во Скопје.

Вардарци неодамна гостуваа во Струмица во лигашки меч и победија, фаворити се на хартија и денеска, па на Брера ќе им треба чудо за да го елиминираат најтрофејниот македонски клуб.

Вториот финалист ќе се бара меѓу Струга Трим Лум и Шкендија. Стружани го добија првиот меч во Тетово со 2-1, а според квотите во Sport Life, домашните се фаворити за победа. Традицијата е на нивна страна, Шкендија никогаш не победила во Струга.

Стружани се актуелни прваци, но нема да ја одбранат титулата, па Купот во кој досега еднаш биле финалисти им е шанса да освојат трофеј и да излезат во Европа. Шкендија, кој е лидер на табелата во Првата лига, ќе се обиде да ја освои двојната круна.

- Оглас -

Најнови вести