Вардар и Струга ТЛ ги штедеа силите за куп-финалето

Вардар и Струга Трим Лум одиграа без голови во првиот меч од 31 коло на Прва фудбалска лига на Македонија. Ова беше дуел на двата финалисти во Купот, па очигледно беше дека двата тима ги штедат силите за средбата која е закажана за 21 мај, а ќе го даде победникот во Купот.

Вардар денеска играше во комбиниран состав, со неколку играчи кои поретко добиваат шанса за настап, но и тие одиграа на посакуваното ниво. Црвено-црните со ова реми ја продолжија низата од 15 натпревари без пораз.

Струга ТЛ со 49 бодови е на четвртото место на табелата, а Вардар е петти со 39 бодови.

- Оглас -

Најнови вести