По 13 одиграни меча во фудбалската Прва лига на Македонија, екипите на Вардар и Воска Спорт се на последните две позиции на табелата. Вардар има само 11 бодови, а Воска е со два бода повеќе веднаш над нив со само 13 бодови.
Вардар го има најслабиот напад со само девет дадени гола, а Воска игра офанзивно и постигна 15, но прими дури 20 голови. Вардар и Воска имаат одиграно шест меча, а бикансот е целосно израмнет и двата тима имаат по три победи, а гол разликата е 9:8 во корист на Црвено-црните.
Воска сега е во добра форма и нема пораз на последните шест натпревари, а квотите во Sport Life го прават Вардар да биде мал фаворит за победа пред гостите.
Денеска од 13 часот ќе се играат уште три натпревари и тоа: Брера – Струга, Гостивар – Брегалница и Шкендија – Тиквеш.