Вардар игра моќно и го „гази“ Пелистер по првото полувреме

Вардар игра фантастично прво полувреме и има огромно водство од 13:17 на гостувањето кај Пелистер.

Црвено-црните во стартните 30 минути одиграа без грешка, а предноста дојде благодарение на петте одбрани на Ристовски, како и одличните игри на Анте Гаџа и Филип Талески, но и фантастичната дефанзива.

Обрадовиќ го даде првиот гол за Пелистер, но во наредниот напад Анте Гаџа одма израмни, а истиот играч искористи и неорганизираност кај одбраната на домаќините за 1:2 во четвртата минута.

Вардар ја контролираше средбата и благодарение на добрата одбрана и трите интервенции на Ристовски, но и брзите контранапади, водеа со 9:7, потоа тренерот на Пелистер во 15-тата минута мораше да бара тајмаут.

Но, и покрај тоа, Вардар ја одржуваше предноста со погодоци, за со два гола на Филип Талески, водството во 19-тата минута да биде плус три (9:12).

Тото доби исклучување, а Обрадовиќ не успеа да реализира пенал, па затоа на спротивната страна Гаџа уште еднаш стрелаше за прва предност од четири гола.

По пауза од четири минути без даден гол, Мараш ја прекина црната серија на домаќините за 11:14, но повторно имаше лоша одбрана и лесн гол на Гаџа за нови плус четири.

Продолжи хаотичната игра на Пелистер, а тоа повторно го искористи Анте Гаџа за 12:17 во 28-мата минута, што резултираше за нов тајмаут на Бабиќ.

На полувремето се замина со резултат од 13:17, а Анте Гаџа со шест голови беше најефикасен по првоте 30 минути.

 

- Оглас -

Најнови вести