Вардар забележа тешка, но многу вредна победа против Кристијанштад и сега повторно има добри шанси да заврши како второпласиран во А групата, зад неприкосновениот лидер Барселона.
Македонскиот првак мора во последното коло во недела во Скопје да го победи Монпелје во дуел на двата последни европски прваци и да се надева на еден кикс на Веспрем.
Унгарците утре играат против Брест Мешков на свој терен и се фаворити за победа, но ќе мора да гостуваат во последното коло во Полска кај Виве Кјелце.
И Полјаците си имаат свои сметки бијат битка за четвртата позиција со Рајн Некар Левен, имаат ист број на бодови, по 14 и тоа е адут и за нив, но и за Вардар да се надева на пораз на Веспрем во последното коло.
Моментно Барселона е недостижна на првото место со 20 бодови од 12 натпревари, Вардар има 17 од 13 меча, а следат Веспрем со 16 од 12 натпревари и Кјелце и Рајн Некар со по 14 бодови и по еден меч за играње.