10.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Вардар има нов Бразилец во своите редови

Фудбалскиот клуб Вардар реши да му даде договор на Бразилецот Педрињо, кој досега беше на проба. Стручниот штаб бил задоволен од виденото и Педрињо ќе биде засилување за Црвено-црните.

„По одработените комплетни подготовки со екипата, стручниот штаб на чело со Бобан Грнчаров одлучи да го задржи 22-годишниот бразилски офанзивен играч за врска Лелис Фигуередо Педрињо, кој ќе биде шесто засилување за Вардар во летниот преоден рок. Доаѓа од екипата на Минор Перник, а во досегашната кариера настапувал и за бразилските екипи на Индепенденте де Лимеира и Наутико.
Добре дојде во најтрофејниот клуб во Македонија Педрињо!“, објавија вардарци.
- Оглас -

Најнови вести