5.8 C
Skopje
четврток, 29 јануари 2026

Вардар има „страшен“ фудбалер: Мато со два гола ја води Уганда кон баражот за СП (Видео)

Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, беше главна ѕвезда на мечот од африканските квалификации за пласман на Светското првенство 2026. Тој со два гола ја предводеше Уганда до убедлива победа од 4-0 над Мозамбик со што останаа во трката за пласман во баражот, иако имаат шанси и за дирекен пласман на Мундијалот.

Мато погоди во 70-тата и во 84-тата минута за 2-0, односно 3-0, па Уганда со 12 бода е на делба на втората позиција токму со нивниот денешен противник, Мозамбик. Лидер во групата е Алжир со 18 поени, а до крајот треба да се одиграат уште три кола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести