Вардар има вистинска замена за Арпад Штербик – Милосављев е нов херој

Играчите кои беа главни ѕвезди во тимот на Вардар во претходните неколку сезони, летово си заминаа од „Јане Сандански“. Сепак, блесокот на Вардар не згасна, туку се покажа дека „црвено-црните“ планираат да продолжат со блескавите настапи во ракометната Лига на шампиони.

Во првото коло од групната фаза, Вардар на гости го победи актуелниот европски првак Монпелје со 27:24. Во текот на целиот меч Вардар играше одлично, а еден од најзаслужните за победата е голманот Дејан Милосављев.

Српскиот чувар на мрежата за прв пат во кариерата бранеше во Лигата на шампиони и блесна. На крајот од средбата заврши со 16 одбрани и едноставно ги откажа ракометарите на францускиот тим. Милосављев во првиот дел имаше 9 одбрани, а во второто полувреме ги сопре можеби и најважните удари.

Вардар во изминативе неколку годиниткму на голот го имаа својот херој. Тоа беше Арпад Штербик. Докажаниот чувар на мрежата многу пати беше спасител на тимот. По неговото заминување, беше дилема дали Вардар ќе успее да најде соодветна замена за најдобриот голман во светот. Со одбраните на мечот против Монпелје, Милосављев покажа дека навивачите на Вардар добија нов херој и миленик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести