Вардар испадна, Шкендија ги скроти Лавовите во меч со 7 гола

Вардар загуби од Струга Трим Лум со 1:0 како гостин со што веќе нема шанси да избегне испаѓање од Првата македонска лига, освен по административен пат со одлука да се прошири лигата.

Струга успеа да го победи најтрофејниот македонски клуб со голот на Марјан Алтипармаковски и сега е во позиција да игра во квалификациите за Европа Лигата.

Стружани на третото место имата два бода повеќе од Македонија Ѓорче Петров пред стартот на последното коло од домашниот шампионат и се во позиција да го фатат последниот билет за Европа.

Македонија Ѓ. П во највозбудливиот меч на претпоследното коло, денеска загуби од Шкендија со 3:4 и остана на четвртата позиција со 52 бода, два помалку од Струга Трим Лум.

Резултати: Струга – Вардар 1:0, Македонија Ѓ.П. – Шкендија 3:4, Работнички – Силекс 3:1, Шкупи – Пелистер 0:0, Беласица – Академија Пандев 0:2, Борец – Ренова 2:0.

Табела: Шкендија 74, Шкупи 58, Струга Т.Л. 54, Македонија Ѓ.П. 52, Работнички 47, Пелистер 42, Академија Пандев 38, Борец 37, Силекс 36, Ренова 35, Вардар 31, Беласица 17.

 

- Оглас -

Најнови вести