Скопските ривали Вардар и Работнички одиграа без голови во дербито на 11 коло во Прва фудбалска лига на Македонија. Работнички беше тимот кој посебно во првото полувреме повеќе напаѓаше, создаваше шанси, но не постигна гол. Во вториот дел се играше без многу возбудувања, па на крајот освоениот бод за двете екипи е најреален епилог.
Работнички останува лидер на табелата со 23 бодови и уште е единствен тим без пораз во првенството, додека Вардар ја прекина низата од четири порази во шампионатот и со осум бодови е на претпоследното 11 место на табелата.
Шкендија одигра 1:1 против Струга ТЛ, во меч на кој Бесарт Ибраими донесе радост за домаќините во 30 минута, а стружани израмнија во 73 минута кога погоди Кехинде.
Резултати од денешните мечеви: Гостивар – Брера 4:1, Шкендија – Струга ТЛ 1:1, Шкупи – Тиквеш 3:1, Силекс – Беса 2:0, Вардар – Работнички 0:0, Воска – Пелистер 1:1.
ТАБЕЛА