Од редовите на најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар вечерва изнесоа соопштение на социјалните мрежи преку кое се објавува дека се исплатени сите плати кон фудбалерите кои сезонава го носат црвено-црниот дрес. Од клубот потенцираат дека пред речиси една година „народот го превзема клубот и дека за сето тоа време долгот не се зголеми ниту за еден денар. Ниту за еден денар!“.
Од В.Д. Раководството на клубот потенцираат дека во изминатиов период успеале да го намалат долгот и обезбедиле финансиски средства за нормални функционирање на најтрофејниот.
Во продолжение целосното соопштение од ФК Вардар:
„ЧИСТА СМЕТКА – ВЕЧНА ЉУБОВ!
Во името на В.Д. Раководството на клубот, би сакале на целокупната Вардарова јавност, да и ја честитаме големата победа која сите заедно ја извојувавме.
Поминаа речиси година дена откако народот го превзема клубот, а за сето тоа време долгот не се зголеми ниту за еден денар. Ниту за еден денар!
Од друга страна успеавме, не само да го намалиме долгот, туку и заедно со сите Вас, да ги издржиме сите финансиски предизвици и да ги обезбедиме сите неопходни средства и услови, за нормално функционирање на клубот.
Па така, со чиста совест можеме да ја соопштиме веста дека денес е исплатена вкупно десеттата исплата сезонава кон тимот. Покрај тоа, да напоменеме дека и сите останати услови и средства, во целост беа обезбедени.
Во ова лежи и причината поради која на последните неколку натпревари, одлучивме и покрај поседувањето на членската карта, секој присутен да си обезбеди и билет. Затоа што, кога ние велиме дека средствата одат за клубот – тоа навистина е така. Исто така, важно е да се знае дека не дозволивме ниту еден месец да доцни исплатата на средства.
Нашата приказна е искрена, нашиот принцип е искрен и затоа ништо нема да не поколеба во борбата за клубот!
Им благодариме на сите оние кои помагале, помагаат и ќе помагаат. Ние не забораваме, Вардар не заборава!
Воедно, ве покануваме во недела, да присуствувате на натпреварот против Воска. Ова е можеби најважниот натпревар сезонава, затоа мора сите да придонесеме за победа!