Вардар ја бара првата победа на „Чаир“ после шест години, квотите се израмнети

Без разлика што скопските ривали Шкупи и Вардар не се борат за титула сезонава, нивните дуели секогаш привлекуваат внимание и интерес, така ќе биде и денеска.

Шкупи е во резултатска криза, веќе осум кола по ред не знае за победа, а Вардар се извлече од дното, има 13 меча едноподруго без пораз, и веќе е пред чаирчани на табелата. Затоа и квотите за победа на едниот и другиот тим се израмнети, а во Sport Life имате и над 550 различни опции за обложување за овој меч.

Она што му оди во прилог на Шкупи е традицијата. Вардар уште од септември 2019 нема победа на „Чаир“, а на последните четири меѓусебни дуели на овој стадион, Шкупи победуваше со 2 или 3 гола разлика и тоа без примен гол.

Вардар на гости нема пораз во 2025 година, а тренер им е Гоце Седлоски кој во еден двегодишен период го водеше и Шкупи.

- Оглас -

Најнови вести