Вардар 1961 ја извојува втората победа сезонава во регионалната СЕХА лига, откако на свој терен го победи Татран Прешов со 29-24, резултат кој на Црвено-црните им носи прво место во групата, бидејќи на гостувањето во Словачка, вардарци загубија со четири голови разлика.
Чувара со 5 гола беше најефикасен кај Вардар, Моралес, Георгиевски и Дутра Фереира, а Томовски имаше 12 одбрани.