Вардар ја „откачи“ Шкендија: Вашите навивачи не се добредојдени

Дербито во првото пролетно коло од Прва фудбалската лига на Македонија меѓу Вардар и Шкендија и дефинитивно ќе се игра без присуство на гостински навивачи на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Од тетовска Шкендија имало пристигнато барање до Вардар да се дозволи присуство на 300 гостински навивачи, но тоа веднаш било одбиено.

Од Вардар порачаа дека навивачите на Шкендија не се добредојдени на „Тодор Проески“. Ова е и логичен одоговор, посебно ако се знае што се случуваше на последните натпревари под Шара, кога нашиот најтрофеен клуб гостуваше кај Шкендија.

Претходно тетовскиот тим во неколку наврати одби да ги прими фановите на Вардар, Комитите, на тие мечеви. Од скопските Црвено-црни порачуваат дека само кога ќе има реципроцитет, односно Шкендија ќе биде гостопримлива за Коитите, ќе може да се размисли да се даде дозвола за присуство на гостински навивачи во Скопје.

- Оглас -

Најнови вести