Вардар ја почувствува силата на Динамо и со 3:0 загуби на „Максимир“

Вардар со 3:0 загуби на гостувањето на „Максимир“ во Загреб од Динамо во контролен меч на најтрофејните клубови од Македонија и Хрватска. Овој дуел беше како дел од прславата на 77 роденден на Вардар, а на крајот Динамо се радуваше.

Во текот на целиот меч, очекувано домашниот тим доминираше и создаваше шанси, а Вардар добро се бранеше до пред крајот на првото полувреме. Во 37 минута Куленовиќ најдобро се снајде во вардаровиот петерец и од близина погоди за 1:0.

Се играа последните моменти од првиот дел кога Марко Пјаца, повратниот во редовите на Модрите, со глава зголеми на 2:0. Конечните 3:0 ги постави Торенте на пет минути пред крајот на средбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести