ФК Вардар АД реши да ја прифати милонската понуда од екипата на Спортинг Канзас сити од Канзас САД. Клуб што се натпреварува во најсилната MLS фудбалска лига во САД. Сега остануав само уште самиот фудбалер да потврди дека сака да биде реализиран овој трансфер.
Сега останува Канзас и Мато да ги договорат условите под кои тој ќе настапува таму. За очекување е плата од околу 40.000 долари месечно, плус бонуси.
Овој трансфер воедно ќе ѝ помогне и на струмичката Брера, која според договорот полага право на 20% од продажбата.
Оваа најава од ФК Вардар е сосема поинаква од тоа што вчера го објави шкотскиот тим Хартс, кој веќе го промовираше Мато како нивен фудбалер по завршување на тековната сезона.




