Вардар ја засили одбраната со хрватски интернационалец

Најтрофејниот македонски клуб Вардар доведе уште едно засилување во овој зимски преоден рок. Нов играч на ФК Вардар е Мислав Матиќ, хрватски интернационалец кој има 25 години и доаѓа од екипата на Широки Брег.


Тој треба да ја засили одбраната на Вардар, со оглед дека игра на стоперската позиција. Матиќ е висок 195 сантиметри и има и интернационално искуство.


Претходно Мислав Матиќ има настапувано и за Рудеш, Шибеник, Локомотива Загреб и за украинскиот клуб Минај.

- Оглас -

Најнови вести