Вардар ја забележа и втората победа во прволигашката конкуренција откако славеше на гостувањето во Кавадарци со 1-2 против Тиквеш. Сепак, иако победата е минимална, „црвено-црните“ доминираа во текот на целиот натпревар, а домашните својот гол го постигнаа во 93-тата минута.
Актуелниот освојувач на македонскиот Куп дојде во водство во 52-рата минута преку Матиќ, а во 68-мата минута веќе беше 0-2 за Вардар со голот на Мато.
Почесниот погодок за Тиквеш беше постигнат во 93-тата минута, а беше дело на Ивановски.
И вториот денешен меч, оној помеѓу Арсими и Струга, заврши со идентична победа на гостите од 1-2.
Вардар сега е лидер на табелата со шест бода, колку што има и Струга, но „црвено-црните“ имаат подобра гол-разлика.