Најтрофејниот македонски клуб, Вардар, ја продолжува трансферната офанзива. По вчерашното претставување на Давид Бабунски, следуваат две нови засилувања од домашниот шампионат, младинскиот репрезентативец Мартин Ѓорѓиевски од Брера и сениорскиот репрезентативец Бојан Илиевски.
Ѓорѓиевски беше на чекор од трансфер во странство, имаше преговори со Раков и Данди јунајтед, но сега ќе се пресели во Вардар. Таму ќе има шанса да се наметне како еден од клучните играчи, со можност подоцна полесно да направи трансфер во странство.
Бојан Илиевски исто така e пред комплетирање на трансферот во Вардар. Дефанзивецот се наметна во редовите на Струга ТЛ и доби место и во националниот тим, а сега ќе се пресели во најтрофејниот македонски клуб.