6.8 C
Skopje
петок, 30 јануари 2026

Вардар ќе го продаде еден од своите најдобри играчи!

Камерунскиот играч за врска, Данел Донгмо, би можел да го напушти Вардар, затоа што има примамлива понуда од романскиот суперлигаш Петролул Плоешти.

Донгмо (24) е еден од подобрите поединци во Вардар, а неговите добри игри не останаа незабележани, па тој е пред разделба со Црвено-црните и преселба во Петролул.

Мечот со Тиквеш во Кавадарци му беше последен во дресот на Вардар. Донгмо нема пасош од земја на ЕУ, и ќе му треба одреден временски период за да ги комплетира документите, пишуваат романските медиуми. Затоа малку е веројатно дека ќе може да дебитира веќе против Универзитатеа Крајова в недела на 24-ти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести