Најтрофејниот македонски клуб Вардар одработува подготовки во Сиде, Турција, а тренерот Гоце Седлоски очекува неговиот тим да се комплетира. По добро познатата ситуација со Роџерс Мато, преговорите за негова продажба во Хартс, речиси е сигурно дека тој нема да му се приклучи на тимот во турската база.
Мато во моментот е во родната Уганда и чека разрешница на преговорите за негов трансфер.
Покрај него, Вардар најверојатно нема да го има на располагање и Ворен Чимпембе. Тој дојде како големо засилување, со репутација на поранешен играч на францускиот прволигаш Мец, како и на шпанскиот второлигаш Мирандес и францускиот второлигаш Генгам, но очигледно е дека не се снајде најдобро во редовите на Вардар.

