17.8 C
Skopje
среда, 3 септември 2025

Вардар ќе се засили и со голманот Ќосевски

Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, скопски Вардар, откако се засили со двајца репрезентативци на Уганда, но и со Давид Бабунски, на прагот е да доведе уште неколку квалитетни засилувања.

Еден од нив е и голманот со двојно државјанство, македонско и босанско, Ведран Ќосевски. Триесетгодишниот голман во моментов е член на Струга, но се очекува да го засили Вардар. Ќосевски беше дел од шампионската генерација на стружани, а во својата кариера настапуваше и за Естегал од Иран, како и во босанските Железничар од Сараево и Вележ од Мостар.

- Оглас -

Најнови вести