Преодниот рок во Македонија е отворен до шестти септември, но актуелниот освојувач на Купот, Вардар, нема да го чека крајниот рок и веќе оваа седмица ќе се засили со двајца репрезентативци на Уганда.
Се работи за напаѓачот Фахад Бајо и дефанзивецот Муса Рамат, а и двајцата треба да пристигнат од екипата на Волвало Адиграт од Етиопија.
Бајо има 22 настапи и осум гола за репрезентацијата на Уганда, а освен во Етиопија, има настапувано и за Висков од Чешка, Ашдод и Бнеи Сакнин од Израел, Билдкон од Туркменистан, како и за Вајперс и Пролајн во татковината.
Дефанзивецот Муса Раматан има само еден настап за селекцијата на Уганда, а освен за Волвало, има играно и за Висков од Чешка, втората екипа на Синсинати во САД, како и за КЦЦА во родната Уганда.
Вардар веќе има еден интернационалец од Уганда, Роџерс Мато, па веројатно неговите одлични игри во дресот на „црвено-црните“ беа препорака за ангажман на уште двајца фудбалери од оваа африканска земја.