28.8 C
Skopje
вторник, 23 септември 2025

Вардар купи Французин кој играл со Кирил Лазаров во Нант

По неколкудневни тренинзи со екипата, ракометниот клуб Вардар го ангажираше Мишел Жуниор Тузолана кој игра на позицијата лево крило.

Тој доаѓа како замена за Махамаду Кеита, кој во следните минимум два месеца ќе биде надвор од теренот поради операција на рамото.

Договорот со Тузолана е до крајот на полусезоната, со можност соработката да продолжи до крајот на оваа натпреварувачка сезона. Тој доаѓа од екипата на Сесон во Франција, каде што играл последните четири сезони. Претходно настапувал за Понто-Комбо, Истр и неколку сезони за Нант, каде што му бил соиграч и на Кирил Лазаров.

Лани настапил на 24 натпревари во француската лига и постигнал 49 гола. Тој во следниот период во Вардар ќе биде едно од двете леви крила заедно со Марио Стојановски.

- Оглас -

Најнови вести