Ракометарите на Вардар остануваат со максимален ефект во Супер лигата, откако во 12-тото коло славеа над Струга на домашен терен со убедливи 36-21. „Црвено-црните“ ја најавија победата уште по првите 30 минути и на паузата заминаа со предност од 16-9.
Во вториот дел предноста постојано растеше, па Вардар сосема заслужено има 12 победи на 12 натпревари.
12-тото коло од Супер лигата започна во средата со победа на Охрид над Алкалоид, па сега охриѓани и актуелниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер, се на делба на втората позиција со по 19 бода, пет помалку од лидерот Вардар, додека Алкалоид е е на четвртото место со 18 поени.

