24.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Вардар лесно и убедливо славеше над Ловќен на турнирот во Скопје

Ракометарите на Вардар забележаа лесна и убедлива победа од 38-29 над црногорски Ловќен од Цетиње во првото коло од Регионалниот ракометен турнир кој се одржува во Скопје.

„Црвено-црните“ доминираа во текот на целиот меч и со половина сили дојдоа до победата. На првиот меч, Еурофарм Пелистер со 30-29 славеше над Војводина.

Вистински предизвик за Вардар ќе бидат следните два меча, со оглед на тоа дека утре играат против Војводина, додека во сабота ќе има и вечно македонско дерби со Еурофарм Пелистер, веројатно во борбата за трофејот.

На женскиот дел од турнирот, и вториот македонски претставник доживеа пораз. Шампинот Ѓорче Петров загуби од Будуќност Подгорица со убедливи 24-38.

- Оглас -

Најнови вести