Вардар лесно се снајде со Кадино во Втора лига, а Брегалница со „два во еден“ се радуваше кај Тиквеш во Прва лига

Вардар без никакви проблеми славеше со 3:0 против фенерџијата Кадино, во меч од 15. коло во Втора лига Запад. Црвено-црните уште во првото полувреме ги решија сите дилеми околу победникот, иако условите на теренот на комплексот „Петар Милошевски“ беа едвај на работ на регуларноста.

Четири меча од Втората лига се одложени поради лошите временси услови и непогодните терени за игра. За 14 декември се презакажани дуелите Велешта – Силекс и Гостивар – Тетекс на Запад и Кожуф – Братство и Детонит – Осогово на Исток. Дуелот Воска – Беса започна подоцна, па уште не е завршен. Фаворитот Воска води со 1:0 по 70 минути игра.

Резултати од мечевите во Втора лига: Запад: Вардар – Кадино 3:0, Кораби – Охрид.

Исток: Беласица – Слога Виница 3:0, Кит Го – Каменица Саса 0:1, Победа – ТИМ Локомотива 4:0.

Во единствениот прволигашки дуел што се играше денеска, Брегалница со пресврт славеше на гостувањето во Кавадарци против Тиквеш со 3:1. Домаќините поведоа со голот на Каракамишев во 16 минута, а Стојанов промаши пенал за да израмни во 43 минута.

Брегалница сепак успеа во второто полувреме да направи пресврт. Манев израмни во 56 минута, а Џокиќ со погодокот во 70 минута донесе пресврт. Потврда за трите бода за гостите од Штип стигна со голот на Алтипармаковски во 94 минута. Брегалница сега има 29 бодови од 18 меча, додека Тиквеш остана на 15 бодови на 10-тото место.

- Оглас -

Најнови вести