Вардар покажува дека интензивно се подготвува за европско лето. На подготовките во Словенија, Црвено-црните го одиграа првиот контролен меч и убедливо победија. Вардар со 3:0 славеше над Будуќност од Подгорица.
Едиз Спахиу погоди за 1:0 за Вардар, а потоа следуваа два погодоци на Горан Захариќ. Според извештаите од Словенија, Вардар одиграл одличен меч, бил доминантен на теренот и на крајот заслужено победил.
Контролни мечеви денеска одиграа и останатите македонски екипи кои ќе играат во Европа летово. Силекс и Работнички во меѓусебен дуел ремизираа без голови, а Шкендија минимално со 1:0, благодарение на голот на Тамба, славеше над Аргес од Романија.