Денеска од 18 часот во СЦ „Јане Сандански“ ќе се одигра дерби натпреварот од 12-тото коло од плејофот во ракометната Суперлига меѓу Вардар и Алкалоид.
Ова е дуел меѓу вториот и третиот тим на табелата, а Црвено-црните немаат избор мора да слават доколку сакаат да ги задржат шансите за титулата. Клучот во трката за шампионскиот трофеј го држи актуелниот шампион Е. Пелистер кој има пет бода повеќе од Вардар, а во последото коло пред своите гледачи ќе игра против Алкалоид.
Сезонава овие два тима веќе одиграа еден меч, во петтото коло од плејофот, Вардар во Автокоманда славеше со 27:23.
Ова нема да биде последен дуел меѓу Вардар и Алкалоид сезонава, овие два тима на 16 мај ќе играат меѓу себе во полуфиналето во Купот на Македонија.
Денеска ќе се одигра уште еден натпревар со кој ќе биде затворено 12-тото коло, тој меѓу Охрид и Т. Пролет.