20.8 C
Skopje
петок, 31 октомври 2025

Вардар мора да го победи Силекс ако сака пак да е лидер, забревтаната Брера го пречекува шампионот

Два интересни натпревари се играат денеска во рамките од 11-тото коло во Првата фудбалска лига на Македонија. Во дуелот на некогашните шампиони, Вардар ќе го пречека Силекс на арената „Тодор Проески“ во меч кој започнува од 17 часот. Неколку часа порано, односно од 13:30 часот во Струмица ќе играат Брера и Шкендија.

Во Скопје ќе биде пресметка меѓу вториот и третиот на табелата. Вардар има 24 бода, два помалку од лидерот Струга ТЛ, што значи дека Црвено-црните мора да победат ако сакаат да се вратат на првата позиција на табелата. Силекс е трет со 31 бод.

Ова ќе биде меч и меѓу екипата која нема ниту еден пораз, а тоа е Вардар, и екипата која е единствена што нема одиграно нерешено (Силекс). И Вардар и Силекс во просек постигнуваат повеќе од два погодоци на меч, но традицијата вели дека на последните пет меѓусебни дуели секогаш на крајот било од нула до два погодоци на крајот.

Во Струмица, Брера има голем предизвик против шампионот. Струмичани играат одлично и во последните осум кола имаат четири победи, три ремија и само еден пораз. Ако се погледнат меѓусебните дуели, Шкендија има четири победи по ред против Брера, а во последните девет пресметки тетовци имаат шест победи и три ремија.

- Оглас -

Најнови вести