Вардар славеше над Бутел со 30:21 во меч од 7 коло на ракометната Суперлига. Со овој триумф Вардар стигна до 18 бодови и моментално е на второто место на табелата.
Неизвесно беше во првото полувреме, кога гостите дадоа достоен отпор. Водеа со 5:2, а резултатот го контролираа до неколку минути пред крајот на првиот дел кога беше 10:9 за Бутел. Од тој момент следува одлична игра на Вардар. Црвено-црните со низа од 7:0 стигнаа до предност од 16:10.
Во тимот на Вардар беше и Стојанче Стоилов кој за овој меч се активираше како замена за повредениот прв пикер на вардарци Милан Лазаравски. Стоилов донесе сигурност, искуство и цврстина на теренот.
Во второто полувреме Вардар постојано имаше висока предност и на крајот стигна до убедлив триумф.