11.8 C
Skopje
сабота, 6 септември 2025

Вардар може да заглави во втора лига, откако загуби во тензичен меч од директниот конкурент Воска

Најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, Вардар, попладнево во Охрид загуби од Воска со 1-2 и сега има пет бода минус во однос на Воска која е втора во втората лига запад, позиција која води во бараж.

После поразот од Силекс, кој е најсилен тим во втората лига запад, Вардар го претрпе и вториот пораз по ред, овојпат од директниот конкурент Воска. Двата гола во мрежата на Вардар паднаа во првото полувреме, а Црвено-црните намалија во финишот.

Интересно е и во втората лига исток, каде Слога Виница е нов лидер, откако прилепска Победа загуби од Каменица Саса. Слога има два бода плус во однос на Победа, а четири пред Саса.

- Оглас -

Најнови вести