Вардар му честиташе на Пелистер за успехот на младите и им посака европска титула

Ракометниот клуб Вардар 1961 јавно упати честитка до лутиот ривал Еурофарм Пелистер за пласманот на нивните младинци на Фајнал-фор турнирот во Келн и им посака да станат европски шампиони.

„Секогаш се радуваме на успехот на македонските екипи, особено кога имаат одлични резултати на европска сцена. Ривалството секогаш носи напредок, а тоа резултати. Им посакуваме успех, да имаат ист резултат како и кога Вардар на своето премиерно издание во Келн во 2017 година стана европски првак“, порачаа Црвено-црните.

Веднаш одговорија и од битолскиот табор со благодарност до вардарци.

- Оглас -

Најнови вести