Вардар му одржа лекција на Универзитетот Пекинг

Без никакви проблеми, Вардар го победи Универзитетот Пекинг во првото коло од регионалната СЕХА-лига. Актуелниот бранител на трофејот рутински одработи во „Јане Сандански“ и на крајот славеше со убедливи 37:23. Уште од самиот почеток, Вардар создаде предност и без поголема мака ја зголемуваше.

На полувремето беше 19:12, а во вториот дел само продолжи да се зголемува разликата, па на крајот беше повеќе од јасно дека ова ќе биде победа со двоцифрена разлика.

Димитриоски даде шест гола, колку што дадоа и Атман и Шишкарев. Пет погодоци дадоа Дисингер и Чупиќ, а во листата на стрелци се запишаа сите кои влегоа на теренот, освен Кристопанс.

Утревечер во Битола, во првото коло од СЕХА-лигата ќе игра и вториот македонски преставник Еурофарм Работник против Спартак Москва (почеток 20:45 часот).

- Оглас -

Најнови вести