18.8 C
Skopje
петок, 8 август 2025

Вардар на денешен ден ја освои титулата во поранешната СФРЈ

Денешниот ден 14 јуни е со златни букви запишан во историјата на Вардар бидејќи на овој ден во 1987 година Црвено-црните станаа шампиони на поранешна Југославија и е единствен клуб од Македонија кој успеал во тоа. Тимот предводен од Андон Дончевски и помошниците Методије Спасовски и Кочо Димитровски успеа да освои 38 бода, забележувајќи 15 победи и 8 нерешени средби од вкупно одиграните 34 првенствени натпревари.

Во таа сезона поради лажирање на натпревари во претходната 1985/86, десет тимови во првенството почнаа со минус 6 бодови по одлуката на Фудбалскиот соју,з која потоа беше повлечена и по судски пат титулата му беше доделена на Партизан.

Како признание за освоената титула, клубот Вардар беше потврден како шампион од страна на УЕФА и се натпреваруваше во тогашниот Куп на европските шампиони. Вардар во првото коло играше со тогашниот европски шампион Порто и двата натпревари ги загуби со идентични 3:0.

 

За Вардар таа сезона настапуваа: Тони Савевски, Драган Канатларовски, Илија Најдоски, Дарко Панчев, Васил Рингов, Вујадин Станојковиќ, Љупчо Марковски, Јовче Џипунов, Бобан Бабунски, Чедомир Јаневски, Момчило Грошев, Милко Симовски, Љупчо Лазаров, Венцислав Симоновски, Мирко Петров, Благоја Тодоровски, Никола Аврамовски, Зоран Трајчевски, Горан Стојановиќ, Николче Филипов, Тони Атанасовски и Јовко Бизимовски.

Најдобар стрелец беше Дарко Панчев со постигнати 18 гола, додека Тони Савевски беше најстандарден со 33 настапи во црвено-црниот дрес.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести