Вардар на полувреме води на теренот на европскиот првак

Македонскиот ракометен првак Вардар покажува дека и оваа сезона ќе има моќен настап во Лигата на шампионите, откако по првите 30 минути има предност од 12:11 на теренот на актуелниот европски владетел Монпелје. „Црвено-црните“ во ниту еден момент не се уплашија од фактот дека против себе го имаат континенталниот шампион.

Во текот на сите 30 минути, двете екипи се менуваа во водство, а Вардар на крајот благодарение на голот на Чупиќ од пенал стигна до предност од 12:11. Сега остануваат уште 30 минути во кои европскиот првак од пред две сезони треба да покаже дека има сила за нови подвизи и оваа сезона.

Вуко Борозан со 4 погодоци е најдобар стрелец во редовите на Вардар. Скубе и Чупиќ дадоа по три погодоци, а одличен на голот е чуварот на мрежата Милосављев кој има 9 интервенции.

 

- Оглас -

Најнови вести