Вардар на шопинг кај вечниот ривал: Талевски потпиша за „црвено-црните“

Офанзивецот Михаил Талевски е ново засилување за екипата на Вардар за продолжение од прволигашката сезона. 20-годишниот фудбалер одлучи да ја замени Битола за Скопје и во продолжение од сезоната да настапува за вечниот ривал на Пелистер.

Талевски во својата кариера освен за Пелистер, настапуваше и за втората екипа на Осијек, како и во младите категории на Работнички. Младиот офанзивец веќе беше повикуван во репрезентацијата до 21 година, но се уште го чека своето официјално деби.

Вардар во овој преоден рок се засили и со Спахиу, Талески, Цикарски, Пинтер и Тодоровски.

- Оглас -

Најнови вести