Вардар го претрпе осмиот пораз во Лигата на шампионите откако убедливо загуби од Мешков Брест на домашен терен со конечни 32:36. Тимот на Алушовски немаше сили да надополнува осум гола негатива од првото полувреме, па затоа белосурскиот состав ја оствари најголемата своја победа на гостувањето во Скопје.
Со овој пораз Вардарци завршуваат на седмото место во групната фаза, па затоа нивен противник во осминафиналето ќе биде унгарскиот гигант Веспрем.
Вардарци добро се држеа само во првите десетина минути од средбата во „Јане Сандански“, по што следуваше серија од 4-0 на гостите, со која ја презедоа иницијативата, а до крајот на првиот дел Мешков веќе имаше +8.
Сите обиди на Вардар да се врати во игра беа неуспешни, Црвено-црните стигнаа само до четири гола заостаток, што никако не беше доволно да се избегне ново разочарување за двократниот европски шампион.
Најголем проблем за Вардар беше слабата ефикасност, односно разбранетиот Пешиќ, кој заврши со 13 интервенции, но и расположениот Вајлупау, кој заврши со 10 погодоци во мрежата на Кантегрел, односно Кизиќ. Дибиров со седум гола беше светлата точка за Црвено-црните.